Временска прогноза за последниот априлски четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, четврток, 28. април, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена. Маврово 15, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 18, Берово 19. Кавадарци 25, Дојран 27.

Следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени.