Home Спорт Македонија прокоцка 7 гола предност и ремизираше против Чешка во Злин

Македонија прокоцка 7 гола предност и ремизираше против Чешка во Злин

Иако Чешка важеше за фаворит, македонската репрезентација одиграв многу подобро, но, за жал, од Злин се враќаме со реми 24:24, поради лошата завршница на натпреварот.

Од самиот почеток момците на Лазаров ја најавија победата. Отворивме со 0:2, а набрзо имавме и 1:5. Чешка во ниту еден момент до крајот на полувремето не успеа да го изедначи резултатот најмногу што направија е што се доближија на -3. Предност од три гола имаше Македонија и на паузата на која заминавме со 10:13.

Не попуштивме ниту на стартот од вториот дел напротив со серија од 0:4 дојдовме до највисоките на натпреварот„плус 7“ (10:17). Одличниот Митревски на голот не дозволуваше да ни се доближи Чешка, па така и кога ќе погрешевме во нападот тој беше тука да застане на патот на противничките ракометари.

Во последните десет минути Чешка дојде до „минус 4“ (18:22). Во тие десет минути Чешка ја консолидираше својата игра и нашата разлика почна да се намалува. Таквата игра Чешка ја доведе на само „минус еден“ во псоледните три минути (23:24). На крајот Чесиите се изборија и за реми од 24:24. Секако дека гостинско реми не е лош резултат, меѓутоа денес можевме повеќе.

Најефикасни во нашите редови беа Талески (5), Лазаров (4) и Георгиевски (4), додека кај Чешка Јакуб Хрстка и Матеј Клима постигнаа по пет гола. Митревски собра 11 интервенции на нашиот гол, а Мрква кај Чесите 15.

Реваншот во Скопје го играме во недела во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и ако успееме да славиме со било каков резултат ќе се избориме за нов настап на едно Светско првенство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…