Home Актуелно Пендаровски го одобри назначувањето на Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк

Пендаровски го одобри назначувањето на Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска го потпиша указот со кој го назначи бившиот македонски министер за надворешни и за внатрешни работи, професорот Љубомир Фрчкоски, за амбасадор на Македонија во Организацијата на обединетите нации во Њујорк.

На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.

За испраќањето на Фрчкоски, пак, претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, уште пред неколку месеци најави дека „ќе вложи максимални напори“ за тој да не ја преземе амбасадорската позиција.

Во образложението од Кабинетот на Пендаровски пишува дека указот е потпишан бидејќи сите законски услови биле исполнети.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека назначувањето на Фрчкоски за амбасадор во ОН е тежок срам за Пендаровски.

„Човекот кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН. Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години,“ се вели во реакцијата.

Во неа е наведено дека со овој потег Пендаровски ги потценува САД, затоа што претходно Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…