Home Актуелно Генерално сончев четврток

Генерално сончев четврток

Времето во Македонија денеска, 3. март, четврток, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќe дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени. Маврово 1, Охрид 7, Битола 7, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 11, Дојран 12.

Утре ќе се зголеми облачноста. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…