Петочна и викенд временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, петок, 11. февруари, времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со услови за слаба магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени, истоколку и во Маврово, Охрид, Крива Паланка, Берово. Во Битола максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени, Кавадарци 13, Дојран 16.

Следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд претежно во источните делови, а на планините слаб снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.