Home Актуелно Променливо облачен четврток

Променливо облачен четврток

Последниот четврток за месец ноември во Македонија носи променливо облачно време со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на влажен бран, од утре ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…