Home Актуелно Топол ноемвриски четврток

Топол ноемвриски четврток

Денеска, четврток, 4. ноември, претпладне времето вдолж Повардарието носи магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено вдолж Повардарието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…