Home Актуелно Денешната среда ќе биде сончев есенски ден

Денешната среда ќе биде сончев есенски ден

27-от октомвриски ден, среда, во Македонија наутро носи ведро и студено време, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 16 степени. Маврово 12, Охрод 14, Битола и Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 16, Дојран 19.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…