Home Актуелно Првични неофицијални резултати: ВМРО-ДПМНЕ победи во прв круг во 22 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3

Првични неофицијални резултати: ВМРО-ДПМНЕ победи во прв круг во 22 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3

Од досега обработените податоци за локалните избори, во првиот круг на гласање кој се одржа вчера градоначалници се избрани во 34 општини. Од нив, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, во девет општини се на СДСМ, а во три општини најмногу гласови освоиле кандидатите на ДУИ, соопшти вечерва претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.

Даштевски соопшти дека досега до ДИК не се пристигнати приговори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…