Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска, вторник, 28. септември, ќе биде променливо облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрод 22, Битола 23, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 26.

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, а во деновите од викендот стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…