Актуелно

84-годишен пациент позитивен на Ковид-19 избегал од модуларната болница во Штип

Вчера, во текот на попладневните часови, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници.

„На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата“, велат од МВР.

To Top