Home Актуелно Коронавирусот причина за одложување на пописот во Хрватска

Коронавирусот причина за одложување на пописот во Хрватска

Хрватска го одложи пописот на населението поради коронавирусот.

– Пописот нема да започне на 1 април, туку ќе се одложи, потврди координаторот за попис во Централното биро за статистика Дамир Плесац за Н1.

Причината за одложувањето на пописот како што кажа Плесац е коронавирусот.

Плесац објасни дека Институтот сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот затоа што тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот, кои мора да го сменат Законот за попис.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…