Home Актуелно Пронајдено телото на ловџијата кој исчезна во надојдената Дренска Река

Пронајдено телото на ловџијата кој исчезна во надојдената Дренска Река

Од МВР за МИА потврдија дека е пронајдено телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река.

Засега не можеа да дадат повеќе детали за случајот. Медицинска екипа на лице место треба да ја утврди состојбата.

Мештанин на селото Дрен за МИА рече дека цела вечер полиција, мештани и други луѓе учествувале во потрагата по течението на реката.

-Дренска Река вчера многу надојде наеднаш. Човекот бил уште со двајца други. Сакале да ја поминат реката со џипот. Реката го завлекла џипот. Другите двајца се спасиле, раскажа еден од ретките жители на селото за МИА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…