Home Актуелно Еве колку изнесувала просечната нето-плата за ноевмри 2020 во Македонија

Еве колку изнесувала просечната нето-плата за ноевмри 2020 во Македонија

Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата е 41.654 денари.

Оттаму соопштуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108,4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствената и социјалната заштита (12,0 %), уметност, забава и рекреација (11,6 %) и преработувачка индустрија (11,0 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,4 %), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4 %) и стручни, научни и технички дејности (3,6 %).

Лидери во однос на нето-платата се вработените во секторот информации и комуникации, за кој е забележано дека просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во октомври годинава била 50.418 денари. Притоа, во овој сектор се издвојува компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просечна нето-плата за октомври во износ од 66.831 денар. Во секторот образование наведено е дека во октомври просечната нето плата била 27.595 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…