Home Актуелно Утринска магла и сончева ноемвриска среда

Утринска магла и сончева ноемвриска среда

Оваа ноемвриска среда во утринските часови по котлините вдолж Повардарието носи магливо време, а околу пладне и рано попладне маглата ќе се намали. Во останатиот поголем дел од Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 9 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе намали. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 13 степени. Маврово 12, Охрид, Крива Паланка и Берово 13, Битола 15, Кавадарци 14, Дојран 18.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…