Home Актуелно УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој

УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе го одбележи 10. Ноември – Светскиот ден на науката за мир и развој, оваа година онлајн поради пандемијата со КОВИД-19.

Како што соопшти УКИМ, на одбележувањето ќе се обрати ректорот Никола Јанкуловски и ќе бидат претставени добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2019 година

Ќе се одржи и трибина на тема „Отворена наука“ со предавачите проф.д-р Никола Стиков од Универзитетот на Монтреал, Канада, и проф.д-р Владимир Трајковиќ од Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…