Home Актуелно „Ќе те однесам во гробот на мајка ти“: Велешанец обвинет за обид за убиство на сопругата

„Ќе те однесам во гробот на мајка ти“: Велешанец обвинет за обид за убиство на сопругата

57-годишен велешанец е осомничен за обид за убиство на сопругата. Тој ја тепал сопругата со кабел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Од ударите жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на едната рака.

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело обид за убиство.

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина почнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку ѝ се заканувал дека ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ, ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа и дека ќе ѝ го скрши черепот“, се наведува во соопштението.

Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури кога во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.

Јавен бвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот.​

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…