Home Актуелно Антикорупциска пресече: Нема кривична одговорност за Ангеловска за повлекувањето на парите од пропаднатата Еуростандард банка

Антикорупциска пресече: Нема кривична одговорност за Ангеловска за повлекувањето на парите од пропаднатата Еуростандард банка

Според одлуката на Антикорупциската комисија, нема основа за кривична одговорност, но има за етичка одговорност кај Министерката за финансии Нина Ангеловска за повлекувањето на парите од сега пропаднатата Еуростандард банка.

Таасо својата позиција имала можност да располага со информации во случајот со пропаднатата банка “Еуростандард”, каде што и самата била клиент, што секако можело да влијае врз нејзините одлуки.

Ова го констатираа антикорупционерите на денешната седница на која се разгледуваше случајот и можниот судир на интереси на министерката Ангеловска.

Според претседателката Ивановска, во случајот е нарушен етичкиот кодекс за носителите на јавни функции, кои треба да се грижат да не го нарушат Законот за спречување на корупцијата, а посебно да отстранат секаков сомнеж дека има поврзаност помеѓу јавниот и приватниот интерес.

Членовите на Антикорупциската комисија во наредниот период ќе предложат промени во прописите со кои се регулираат овие прашања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…