Home Актуелно Денес променливо и дождливо време

Денес променливо и дождливо време

Времето во Македонија, денес, вторник, ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната температура од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 32 степени.

Во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од четврток следува период на стабилно, сончево и потопло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…