Осуденик од Кавадарци се обеси во затворот во Идризово


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лице од Кавадарци осудено за убиство си го одзеде животот со бесење во затворот во Идризово.

Oколу пладне во затворот вработените и затворениците го пронашле мртвото тело на затвореник од Кавадарци, кој си го одзел животот со бесење.

Станува збор за човек осуден на повеќе од 20 години затвор за повеќе тешки кривични дела меѓу кои и убиство.

Телото на починатиот е предадено на органите кои се очекува да ги утврдат околностите и причините за смртта.