Регистрирани првите случаи на коронавирус кај лица кои беа дел од забавите на плажите во Градиште


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три лица кои биле дел од журките на плажите Градиште 1 и 2 се позитивни на коронавирус, јави Канал 5 повикувајќи се на болнички извори.

Тројцата биле поврани меѓу себе, а во тек се и нивните анкети за останатите контакти. Во моментов тие се со благи симптоми и се на домашно лекување.

На видеата кои се споделуваа на социјалните мрежи од продолжениот викенд во Охрид, се гледаше како стотици млади собрани на плажа, без почитување на мерките се журкаа.

Во Охрид во континуитет секојдневно се казнуваат лица кои не ја почитуваат мерката за носење на заштитна маска.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР-Охрид, полициските службеници констатирале 78 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 34 во Охрид, 40 во Кичево и четири во Струга.

„Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19“,

вели портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
Тој додаде дека, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 29 контроли врз угостителски и други објекти.