Home Актуелно Кривична за вработен во МВР – се обиде да прошверцува малолетничка на граничниот премин Табановце

Кривична за вработен во МВР – се обиде да прошверцува малолетничка на граничниот премин Табановце

Против М.А., вработен во МВР, поднесена е кривична пријава за поради постоење сомневање за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 10 јуни во полициската станица за граничен премин Табановце пријавениот, при вршење на работни задачи на пасошка контрола за влез во Македонија, овозможил влез на малолетничка од Кавадарци, без да ја заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а исто така, тој не побарал приложување на негативен ПЦР тест за ковид-19 и не ја упатил во државен карантин, со што постапил спротивно на донесените одлуки на Владата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…