Home Наука и техонологија Пребарување на старите пораки – нова функција која ја тестира WhatsApp

Пребарување на старите пораки – нова функција која ја тестира WhatsApp

Социјалната платформа „WhatsApp“ тестира нова функција која овозможува полесно снаоѓање во разговорите.

Сите ја знаеме онаа фрустрација кога се обидуваме да најдеме некоја стара порака со важни податоци од пред неколку месеци. Меѓутоа ова наскоро би можело да биде само минато.

Се додека од прилика знаете кога е пратена порака која сакате да ја пронајдете, брзо ќе можете да дојдете до нејзе. Сепак, можеби не треба да бидеме премногу возбудени заради ова. „ WhatsApp“ постојано испробува нови функции кои не секогаш завршуваат кај крајниот корисник.

Меѓутоа, очигледно е дека во последните неколку месеци од апликацијата за допишување се обидуваат да ја унапредат можноста за пребарување, па така корисниците на Ајфон имаа можност да ја испробаат можноста за детално пребарување врз основа на типот на датотека која им е потребна.

Сепак постои надеж, можноста за пребарување по датум секако би била корисна за оваа апликација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…