Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дексаметазон е лек кој се употребува во третманот за лечење на потешко болните заразени со коронавирусот во Инфективната болница уште од почетокот на епидемијата.
Tоа е познат лек што се употребува за различен вид на состојби и не е некоја новост, вели директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Ставановиќ.
Лекот Дексаметазон се издава само со рецепт. Засега нема зголемена побарувачка. Лекарите и фармацевтите постојано апелираат граѓаните да не земаат лекови на своја рака.
Дексаметазонот може да биде корисен само во одредени состојби, доколку се употребува по препорака на лекар, порачуваат од Фармацевтската комора. Во спротивно може да направи огромна штета, го намалува имонолошкиот систем, а може и да биде причина за друго заболување.
Откако одекна веста дека евтиниот и често користен кортикостероид дексаметазон може да им го спаси животиот на критично болните пациенти заразени со Ковид-19, од СЗО ја поздравија студијата и најавија ажурирање на упатствoто за лекување.
Според истражувањето на британски научници, спроведено на повеќе од 2000 заболени, третманот со помала доза на дексаметазон кај пациенти на респиратори, ја намалил стапката на морталитет за третина, а кај заразени со коронавирусот што биле на кислородна поддршка, смртноста е помала за една петтина.