Home Живот и здравје Круша за душа, ама и за здравје

Круша за душа, ама и за здравје

Крушата е вкусно овошје кое, истовремено, е идеална намирница за прочистување на дигестивниот тракт при што ќе се елиминираат сите наталожени токсини во текот на годината. Исто така крушите придонесуваат за нормализирање на функцијата на жлездите со внатрешна секреција.

Свежите круши се вистински еликсир преполн со хранливи материи, органски киселини и микроелементи – железо, бакар и цинк. Во 100 грама круши има 120 мг јаболкова киселина, 70 мг лимонова киселина, 3 мг оксалова киселина.

Исто така има големи количини витамин А, Ц, К, Б2, Б3 и Б6. Крушите се многу полезни за идните мајки и оние што дојат поради оптималната концентрација на неопходната фолна киселина за правилен развој на плодот.

Крушите имаат силни антиоксидантни својства и се идеално средство за зајакнување на имуниот систем како и превенција од рак. Богати се и со калциум кој штити од остеопороза.

Затоа не заборавајте на овошјето! Секој ден во вашето мени треба да има по неколку порции од овие лекови од природата!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …