Home Актуелно До УЈП поднесени 27.100 барања за користење мерки за финансиска поддршка за мај

До УЈП поднесени 27.100 барања за користење мерки за финансиска поддршка за мај

Во два дена вкупно 27.100 барања стигнаа до УЈП за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај. Овие барања, како што соопшти Управата за јавни приходи, се поднесени од работодавачите и сомовработените лица во заклучно со вториот ден од јуни.

„За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени. За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени.

За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени“, наведуваат од Управата за јавни приходи.

Од УЈП додаваат дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…