Home Шоубизнис 2Be (The Backyard Session) – преработка на „Ова е само наше Скопје“

2Be (The Backyard Session) – преработка на „Ова е само наше Скопје“

Акустична преработка на хитот од Владо Јаневски, „Ова е само наше Скопје“, во изведба на одличните 2Be. 

Младите Тино(гитара) и Љупче Стојановски(вокал и гитара), се браќа кои заедно со Синиша Зукиќ (тапани), како 2Be веќе активно се занимаваат со музика повеќе од 3 години. Овие преработки се снимани во домашни услови т.е во нивниот двор. Со овие две преработки тие сакаат да ни најават цело лето полно со вакви “дворски сесии“ кои им се во план. Поради вонредната состојба тие не можат да настапуваат со нивните живи свирки, но сепак и во вакви услови сакаат на публиката да и’ подарат музика. Додека истовремено создаваат и нивна авторска музика, овие нивни „Backyard Sessions“ и нивните следни преработки ќе можете да ги слушнете на нивниот YouTube канал, Фејсбук страна и на нивните Инстаграм профили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …