Home Актуелно 21 новозаразено лице од коронавирус во последните 24 часа

21 новозаразено лице од коронавирус во последните 24 часа

Според најновата статистика која ја пренесува Министерството за здравство, во изминатите 24 часа е регистриран 21 нов случај на заразени пациенти со коронавирус.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека Институтот за јавно здравје регистрирал 17 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа, пак, потврдени се нови 21 случај на новиот коронавирус, односно, регистрирани се 12 случаи во Скопје, пет случаи во Тетово, три во Куманово и еден случај во Штип.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447“, информираат од МЗ.

Во изминатото деноноќие се направени вкупно 258 тестирања. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот, велат од министерството, и додаваат дека не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти, а на кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти, се додава во соопштението на МЗ.

Во болницата „8-ми Септември“, пак, примени се пет нови лица, додека вкупно се хоспитализирани 21 пациент. Од нив, на респиратор се шест лица, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…