Home Актуелно Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски позитивен на коронавирус

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е еден од официјално новозаразените пациенти со коронавирус во Македонија.

Како што самиот ги извести медиумите според најновите податоци по тестот за корона вирус, Димитриевски објави:

„Ги добив најновите резултати 40 мои сограѓани помеѓу кои и јас сум позитивен на КОВИД 19.. Ве охрабрувам заедно и дисциплинаро да продолжиме во борбара, почитувајте ги мерките и одржувајте дистанца.. Ќе продолжам со својата работа против короната по препораките на здравствените власти“.

Куманово има 263 заболени и според последните официјално објавени бројки 10 починати.

Димитриевски вчера имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Жарко Караџовски, претседател на комисијата за заразни болести.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…