Home Актуелно Путин ја пушти цела Русија на еден месец платен одмор заради коронавирусот

Путин ја пушти цела Русија на еден месец платен одмор заради коронавирусот

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера објави дека април ќе биде неработен месец за сите руски граѓани, но тие ќе земат плата за тој месец како да бил работен

„Одлучив да го продолжам режимот на неработни денови до 30 април“, рече тој во телевизиската изјава, додавајќи дека „платите би се исплатиле“.

Мерката, која стапи во сила во Русија на 28 март, „ни дозволи да добиеме на време“, но „епидемијата сè уште не го достигнала врвот во светот, па така ниту во нашата земја“, истакна рускиот претседател.

Посочувајќи дека епидемијата има разновидни размери во делови на Русија, од кои некои сè уште се целосно незафатени, Путин рече дека провинциските гувернери можат да одлучат кои бизниси ќе работат и колкав степен на изолација ќе воведат за своите граѓани.

„До крајот на неделава (провинциските гувернери) мора да формираат посебен пакет превентивни мерки за нивните области, во здравството, безбедноста, економски и инфраструктурен план“, рече тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…