Не е „априлилили“: Април пристигна со снег и студ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Први април во Македонија дојде заедно со нова снежна покривка и студено време, под влијание на влажен и студен воздушен бран.

Овој бран денес ќе предизвика врнежи од дожд кои на места ќе бидат до над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.

Дневната температура ќе биде од минус два до шест степени. Во Скопје и околината слично време со температура до четири степени.