Home Актуелно 27-годишна жена која се порди на скопска Гинекологија позитивна на коронавирус

27-годишна жена која се порди на скопска Гинекологија позитивна на коронавирус

27-годишна пациентка од Куманово, која се породила на скопската Клиника за гинекологија е позитивна на коронавирусот, изјави директорката на клиниката Викторија Јовановска, а пренесува „Фокус“.

„Пациентката е синоќа предвреме породена во осми месец и сега чекаме да биде префрлена на Клиника за инфективни болести. Таа само поткашлуваше. Бебето е на интензивна нега и е стабилно. Има уште една пациентка од Охрид, но таа се уште е во сала и нема клиничка слика на Ковид-19. Таа е донесена со мртво бебе“ изјави Јовановска.

Според неа, за пациентката од Куманово се запазени сите протоколи и е спроведена преку посебен влез, односно изолирана е од другите пациентки. Приземјето е направено како карантинско одделение со посебен персонал, каде се носат сомнителните случаи на корона вирус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…