Прв предизборен дуел на Заев и Мицкоски на 28 февруари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На покана на телевизијата „Канал 5“, лидерите на двете најголеми партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го прифатија учеството на нивниот прв предизборен дуел кој од телевизијата го закажаа за 28 февруари под наслов „Дуел за вистината“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку својата ФБ страница соопшти дека со задоволство ја прифаќа поканата.

„Не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања“, напиша Мицкоски.

Поканата ја прифати и Заев. „ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има, соопшти“ СДСМ по објавата на Мицкоски на Фејсбук..

„Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ“, стои во сооштението од владејчката партија..

Ова соочување, ќе биде прво по минатогодишниот „Дуел на деценијата“. Планирано е да трае 120 минути, а освен одговорите на прашањата, лидерите ќе имаат можност и за реплики и контрареплики.. Ќе се дебатира на сите актулени теми од домашната и надворешната политика, а посебен фокус ќе биде ставен на економијата и изборните програми..