Марш за правда на СДСМ: Заев – „за да имаше побрза правда, требаше да нарачувам пресуди“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Владејчката СДСМ вчера го одржа најавениот марш „Чекориме за правда“ кој го започнаа од пред македонското Собрание, а заврши пред судот.

Партискиот лидер Зоран Заев порача дека сега на ред е правосудството да почне да работи како што треба. Посочи дека Владата и Собранието направиле сè што требало, ги донеле сите потребни закони и сега на ред е правосудството.

„Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И јас како индивидуа, но и сите ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе ја носи правдата, а правосудство кое што застарува предмети. Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пресуди. За тоа ли се боревме? Се боревме против политичари кои се јавуваа и нарачуваа пресуди. Ние го ослободивме судството и да знаат тие судиите и обвинителите дека го ослободивме судството, ама будно го следиме“, кажа Заев.

Пред почетокот на маршот, претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на Фејсбук објави фотографии на кое се гледаат поставено Луј Витон ташни пред Судот и пред Владата.

„Кога ќе држи говор Заев да му е тука пред очи симболот на криминалот. И сите негови, а и притиснатите и уценети административци да знаат дека маршираат за спас на милионите на Заев“, напиша тој на Фејсбук.