Home Живот и здравје Совети за трудници: Јога за полесно поднесување на трудничките болки

Совети за трудници: Јога за полесно поднесување на трудничките болки

Јогата веќе стана своевиден тренд и пракса на сè поголем број трудници, кои сведочат дека на дело ги чувствуваат ефектите од оваа психолошко-физичка практика и филозофија на живеење.

При вежбањето, на пр., жените учат правилно дишење и држење на телото, и остануваат активни и подвижни низ целата блажена состојба.

Јогата ја поврзува мајката со бебето, така што таа учи дека треба да биде стабилна, цврста и слободна. Наташа Борота, бабица и инструкторка за јога за трудници од Србија, вели дека вежбите не само што се идеални за телото, туку и психички ја подготвуваат жената за породувањето, ги ублажува мачнините, болки во грбот, грчеви, опстипација…

„Преку јогата се учат техники за дишење кои се користат при самото породување, што ги олеснува и контракциите. Жените кои вежбаат јога, се поопуштени, пососредоточени и поподготвени за породувањето. Тие така се и психички и физички спремни жена за полесно да го поднесат сè тоа“, изјави Борота за српските медиуми.

Освен тоа, повеќето трудници кои вежбаат јога, велат дека тегобите скоро и да исчезнуваат и оти им тоа им причинува и подобро расположение.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …