Природно средство за чистење на бањата кое можете да си го подготвите сами


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чистотата, свежиот мирис и целокупната хигиена во бањата се услови кои ги посакува секој од нас во ова катче од нашиот дом.

За одржување на таквата состојба на бањата користиме најразлични хемиски препарати и средства. Но, ако сакате сето тоа да го направите на природен начин, постои рецепт за такво природно средство за одржување на хигиената на бањата кое можете сами да си го подготвите дома.

Потребни ви се следните состојки: 100 грама лимонтус, 250 грама сода бикарбона и 50 капки етерично масло со мирис на портокал, лаванда или ментол.

ПОДГОТОВКА:

Во сад измешајте ја содата и лимонтусот, па додадете го маслото и промешајте уште малку.

Во шише со распрснувач, ставете малку вода и истурете ја подготвената смеса, па добро измешајте.

Со вака подготвеното природно средтсво испрскајте на тоалетната школка, лавабото и кадата, а потоа избршете со чиста крпа.

На овој начин ќе избегнете хемикалија, а ќе добиете чистота и пријатен мирис.