Home Актуелно Започна исплатата на повратните средства од „Мој ДДВ“ за октомври, ноември и декември

Започна исплатата на повратните средства од „Мој ДДВ“ за октомври, ноември и декември

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денес најави дека започната е исплатата на повратните даночни средства од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје од проектот.

На сметките на корисниците на апликацијата МојДДВ кои скенирале фискални сметки во месеците октомври, ноември и декември 2019 година, ќе бидат исплатени 3.871.000 евра, објави Лукаревска на својот Фејбук профил.

„Управата за јавни приходи уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата“, напиша Лукаревска.

Според податоците што таа ги објави, во периодот од 1 јули лани до 31 јануари годинава апликацијата МојДДВ ја користеле 236.442 корисници, а скенирани се 66,885 милиони фискални сметки. Остварен е промет од 32,456 милијарди денари. Вкупно остварниот ДДВ е 3,512 милијарди денари, а повратот на ДДВ е 526,8 милиони денари или 8.567.000 евра.

Само во јануари годинава има нови 23,387 корисници на апликацијата и вкупниот поврат на ДДВ заклучно со 31 јануари изнесува 1.724.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…