Home Актуелно Бројот на починати од коронавирус порасна на 259, скоро 12.000 заразени во светот

Бројот на починати од коронавирус порасна на 259, скоро 12.000 заразени во светот

259 лица се водат официјално за починати како последица од смртоносниот коронавирус, а речиси 12.000 луѓе низ светот се заразени со истиот.

Опасниот коронавирус ги опустоши градовите во Кина, каде низ улиците речиси да нема никој.Во Хонгконг продавниците се главно затворени, прекината е наставата во училиштата, а на вработените им е овозможено да работат од дома.

Поради страв од вирусот, голем број граѓани не излегуваат од своите домови, а во аптеките и продавниците е распродадена целата стока. Оние „похрабрите“ кои се движат низ улиците и извршуваат секојдневни активности носат заштитни маски.

Претставникот на Светската здравствена организација за Кина, Гауден Галеа изјави дека сообраќајните и трговските забрани се непотребни, додавајќи оти државите пред се треба да се фокусираат на идентификување на вирусот и да одговорат на избивањето на епидемијата.

Коронавирус се појави во декември минатата година прво во кинескиот град Вухан, од каде се прошири и во други градови во Кина и низ светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…