Home Вебкафе Дали може да се стане зависен од љубов – еве што велат експертите

Дали може да се стане зависен од љубов – еве што велат експертите

Според стручните мислења на експертите од областа на психијатријата и психотерапијата, верувале или не, луѓето можат да станат зависни од љубов.

Оваа зависност се опишува како очајничка потреба на човекот да најде некој кој ќе го сака, но проследена е и со ирационален страв од одбивање и самотија. Се јавува многу почесто отколку што мислите.

Терапевтот д-р. Беки Вестоун која специјализираше на оваа тема, ги открива знаците на овој вид на зависност.

Постојано сте анксиозни поради стравот дека партнерот ќе ве остави

Личноста којашто е зависна од љубов, се плаши дека партнерот ќе ја остави и дека ќе остане сама. Дури и кога е во врска со некого по кого е опседната, нема доверба во него.

„Ваквиот тип луѓе се многу несигурни, анксиозни и постојано бараат нешто“, смета докторката.

Како да ги препознаете ваквите партнери?

Само партнерот ви прави да се чувствувате добро

Кога некој е зависен од љубов, сета негова среќа е во рацете на партнерот. Со други зборови, оној којшто е зависен од партнерот се чувствува добро само кога партнерот е расположен.

Сметате дека партнерот е единствена вредна причина за живеење

Поради зависноста од партнерот, не помислувате на раскинување на врската, дури и доколку таа е токсична.

Докторката го споредува ова со другиот вид на зависност- дури и кога личноста знае дека партнерот е лош за него/а, не престанува да се навраќа на него.

Кога партнерот не е покрај нив, сметаат дека ништо друго нема смисла

Докторката Вестоун смета дека зависноста од љубов е еден вид на образец на однесување, па дури и кога ќе раскинат со некој по кој биле опседнати, многу брзо ќе најдат некој нов.

„Многу е важно да препознаете дека имате ваков проблем. Не е паметно да бидете зависни кон некој друг партнер одново и одново“.

Според докторката, луѓето коишто се зависни од љубов имале лош однос со нивните мајки во детството. Многумина од нејзините пациенти имале проблеми со мајката којашто се дистанцирала од нив и не покажувала љубов и грижа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дилеми околу оралниот секс

Што ако не ми се допаѓа да пружам орален секс? Можеби сте имале непријатно искуство? Дали …