Home Наука и техонологија Се враќа на овој пазар: Apple во март ќе го промовира својот нискобуџетен iPhone

Се враќа на овој пазар: Apple во март ќе го промовира својот нискобуџетен iPhone

Технолошкиот гигант Аpple е спремен за свое враќање на пазарот за нискобуџетни смартофони по паузата од четири години.

Оваа компанија планира да започне производство на нискобуџетниот iPhone во февруари, но официјално ќе го претстави во март оваа година, пишува CNET.

Apple на пазарот се враќа по долга пауза, претходниот модел којшто беше поевтин од другите беше iPhone SE кој чинеше 399 долари.

Во септември минатата година јапонскиот весник Nikkei објави дека новиот iPhone ќе има поевтин LCD за да има пониска цена, но ќе има други компоненти кои се користат за производство на стандардните смартфони на Apple.

Apple се одлучи на овој чекор за да повторно ги придобие купувачите.

Продажбата на Apple во четвртиот квартал опадна за 10%, што значи околу 33 милијарди долари компанијата беше во загуба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…