Home Актуелно Сончева и потопла среда

Сончева и потопла среда

Оваа среда, 22 јануари, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер кој ќе дува претежно од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус 10 до минус 2, а дневните од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во Маврово, Битола и Кавадарци 8, Охрид и Берово 9, Крива Паланка 7, Дојран 13 степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во четврток и со засилен северен ветер. За време на викендот облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…