Home Актуелно Хонг Конг не мирува: 400 приведени за време на новогодишните антивладини протести

Хонг Конг не мирува: 400 приведени за време на новогодишните антивладини протести

Околу 400 лица беа приведени за време на новогодишните протести во Хонг Конг, откако мирниот демократски марш на десетици илјади ескалираше во хаотични судири со полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Тензиите се зголемија вчера по неколку апсења во округот Ван Чаи во близина на филијалата на глобалната банкарска групација на ХСБЦ, што беше цел на демонстрантите во последните неколку недели.

Полицијата соопшти дека биле извршени апсења за прекршоци кои вклучуваат незаконско поседување оружје. Демонстранти беа апсени и за новогодишната ноќ кога кратко го зазедоа главниот пат на полуостровот Ковлун.

Околу 7.000 луѓе се уапсени откако протестите почнаа во јуни а во градот ескалираа околу сега повлечениот закон со кој се овозможуваше екстрадиција во Кина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…