Во очекување на нов предлог за министер за внатрешни, па оставка на Заев и паѓање на Владата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според очекувањата на македонската политичка сцена, денес би требало да има понуда за технички министер за внатрешни работи на предлог од ВМРО-ДПМНЕ, доколку партиите успеат да постигнат согласност околу тоа, за потоа утре да следи оставката на премиерот Зоран Заев и најава за техничката влада.

Актуелниот премиер Зоран Заев треба да се повлече утре, на 3 јануари, од функцијата согласно процедурата за техничка влада, или сто дена пред изборите.

Откако ќе падне оставката, Парламентот треба да ја констатира истата со што директно паѓа целата влада.

Тогаш техничкиот министер добива мандат од шефот на државата кој треба да даде предлог за новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во перидот до изборите и формирање на новата влада.

Засега кочниците се кај името за техничкиот министер за внатрешни работи кој не се прифаќа од владеачката партија а е на предлог на опозицијата.

Очекувањата се дека ВМРО ДПМНЕ ќе даде нов предлог наместо Драган Ковачки кој кај власта отвори дилема дали овој предлог е во согласност со Уставот, откако беше истакнато дека станува збор за воено лице на служба во Армијата. Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник. Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада.