Home Актуелно Облачна и постудена среда

Облачна и постудена среда

Денес, среда, 25 декември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, со појава на сончеви периоди.

Во северните и североисточните делови на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од четири до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди . Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 11, Маврово 4, Охрид и Битола 8, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 11, Дојран 13.

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…