Home Живот и здравје Ризици кои ги носи прераното будење и недонаспивање

Ризици кои ги носи прераното будење и недонаспивање

Организмот од човекот е така устроен да биде активен и да работи дење, а ноќе да се одмора. Поради одредени последици од тоа, генетичари од Универзитетот на Алабама сметаат дека раното станување носи поголем ризик од некои болести.

Некои луѓе заспиваат порано и стануваат рано, а други пак – напротив, претпочитаат да се будат околу пладне. Тоа, како што објаснуваат стручните лица, се еволутивни последици во нашето тело, и обидот да се коригираат, многу веројатно нема да има добри резултати, освен намалување на ефективноста на човекот.

Излегувањето од „својот“ ритам на сон неизбежно води до невролошки заболувања, зголемување на телесната тежина, па дури и артериосклероза. Според општите сознанија, за целосно продуктивен ден, лицето треба да спие од седум до девет часа. Според ова, ако некој треба да се разбуди во 4:30, на пример, тогаш треба да оди в кревет во 21:30 часот.

Во стремежот да постигне поголема ефективност, луѓето се трудат порано да станува, а тоа води кон проблеми на нервниот и крвоточниот систем. Научниците преку експеримент докажале дека оние што стануваат пред пет часот, не само што не се попродуктивни, туку и си штетат на здравјето.

Конечно, советот гласи: работниот ден би требало да се сообрази со сонот на човекот, а не обратно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Луѓето со оваа крвна група се под поголем ризик од срцеви заболувања

ОВА КРВНА ГРУПА Е ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖЕНА НА РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Вашата крвна група влијае …