Home Актуелно Заев: Владата воопшто не размислува за членство во Евроазиската економска унија

Заев: Владата воопшто не размислува за членство во Евроазиската економска унија

Откако дел од медиумите пренесоа информација дека постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов, ги поканил одбиените Македонија и Албанија да влезат во Евроазиската економска унија, премиерот Зоран Заев на прес-конференција категорично ги отфрли таквите информации, изјавувајќи дека до македонската Влада не стигнала таква покана.

До Владата не стигнала никаква покана за членство на Македонија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Скопје.

„Веројатно има некоја одбранбена мембрана, ѕид околу Владата, па тешко да стигне таква покана. Затоа што ни на памет не ни паѓа таква работа. Не, нема таква покана и се надевам дека нема ни да стигне, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали по не добивањето датум за старт на прегооврите за членство со ЕУ, земјава добила покана за пристапување кон ЕАЕУ“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…