Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

И овој октомвриски вторник во Македонија продолжува да владее во континуитет топло и сончево време. Денес ќе има и слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од два до 10, а максималната температура од 23 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со минимална температура од девет и максимална до 28 степени. Во Маврово 22, Охрид 23,Крива Паланка и Берово 25, Битола 30, Кавадарци 28, Дојран 29 степени.

Продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. И утре ќе имаме сончево и топло време со слаб источен ветер и максимални дневни температури – Скопје 27, Маврово 21, Охрид 22, Битола 26, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци 28, Дојран 29.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…