Home Актуелно Макрон до Македонија и Албанија по средбата со Меркел: „Сега нам ни е потребно малку повеќе време“

Макрон до Македонија и Албанија по средбата со Меркел: „Сега нам ни е потребно малку повеќе време“

Официјалниот исход после вчерашната мешовита германско-француска конференција која се одржа во Тулуз, е дека геополитичките позиции на официјален Париз во поглед на проширување на Европската Унија засега остануваат непоместени. Макрон порача дека Македонија и Албанија треба уште да чекаат. Меркел се надева на компромис, пренесува Дојче Веле.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон прифати дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите,“ рече Макрон.

Канцеларката Меркел на прес-конференцијата ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Северна Македонија. И двете земји се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива. Процесот мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, согласна е Меркел, но додава дека остануваат само неколку „различни нијанси“.
Двете страни сакаат до утре да размислуваат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ.

„Тие ќе треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки“, рече канцеларката Меркел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…