Home Актуелно Македонец исчезна во Белград

Македонец исчезна во Белград

42-годишниот Лазо Павлов од Македонија се води како исчезнат во Белград и се бараат било какви инфорамции за негово наоѓање. Павлев бил последен пат забележан на 25 септември, од кога му се губи секаква трага.

Неговото исчезнување е објавен во Регистарот на исчезнати лица, со објаснување дека престојувал во стан во населбата Дорчол.

Околностите околу неговото исчезнување за сега се непознати, а во апелот за помош е објавено дека е висок 180 сантиметри, дека е тежок 120 килограми, дека има светло кафена коса и плави очи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…