Home Актуелно Седница на Владата: Ќе се воведуваат антикорупциски теми во училишните програми

Седница на Владата: Ќе се воведуваат антикорупциски теми во училишните програми

Информација за нацрт стратегијата за одбрана на Република С. Македонија, како и предлог одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во мировните операции „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисијата на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, се на дневен ред на денешната редовна седница на Владата.

На предлог на Министерството за образование и наука на оваа седница Владата ќе биде информирана за активностите за примена на клучните мерки од поддимензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциски теми во рамки на годишната програма на училиштата, најави владината прес-служба.

На владината седница ќе биде разгледана и информацијата за одржната 15.редовна седница на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност и сајбер безбедност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…